Европа

Македонци притворени во Минхен

16.04.2019

 Минатиот вторник, германската полиција уапсила 14 работници на градилиште на Леонродплац во Минхен. Обвинети се дека во Германија престојувале и работеле со лажни хрватски документи.

Уапсените се граѓани на Република Македонија и Србија кои работеле за иста фирма. Како што се наведува во Süddeutsche Zeitung даночни и царински инспектори, во соработка со крим-полиција, извршиле проверка на 130 лица, од кои 14 се приведени на понатамошно испитување.
Интересно е тоа што на градилиштето каде што се уапсени, се работи на изградба на 54 објекти на министерството за правда каде што ќе бидат сместени и неколку судови. Изградбата треба да биде завршена во 2022 година. Се работи за најголемиот градежен проект на министерството за правда после Втората светска војна.
Освен приведените, под истрага се и одговорните лица на фирмата кои биле задолжени за градилиштето. Се сомничат за затајување на данок и измами при плаќањето на социјалните давачки. Наводно, работниците работеле прекувремени часови, а тоа никаде не е сужбено забележано.
Преземено од: https://mk-in.de

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search