Интервју со г-дин Или Халилај, претседател на Македонското друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо за проблемите во областа Голо Брдо

Абецедар е буквар на македонски јазик за македонското национално малцинство во Грција, подготвен од специјална комисија на грчката влада под меѓународен притисок и покровителство на Друштвото на народите во Женева.

Заедничката комисија за усогласување, односно пишување на македонско-бугарско историја е формирана и наскоро се очекуваат првите состаноци и експертски разговори. За овој процес почнат по Договорот за пријателство, симболично потпишан лани на 1 август, разговараме со проф. Стојко Стојков, доктор по историски науки кој предава на Универзитетот „Гоце Делчев во Штип“. Стојков е познат и по својот политички активизам во Бугарија во рамки на судски укинатата партија на Македонците – Омо „Илинден“ – Пирин.

Во сите образовни институции (основни училишта и гимназии) во општината Мелити (Овчарани) да се учи на македонски јазик. Сите топографски имиња на територијата на општината да бидат двојазични и сите официјални ознаки на јавните објекти да имаат написи на грчки и на македонски јазик.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, во име на Македонците во Албанија побараа од официјална Тирана да ја признае Република Македонија под уставното ме.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и главен уредник на Македонскиот весник “Илинден” г-дин Никола Ѓурѓај на 23.03.2018 година во Скопје Република Македонија, освари средба со Претседателот на Центарот за информативна поддршка “Нов Контакт”- Македонија, д-р Златко Николоски.

Делегација на Европската слободна алијанса ја посети Бугарија за да ја испита состојбата на македонското малцинство во Бугарија. ЕФА стои цврсто на уверувањето дека најголемото богатство на Европа е разновидноста на нејзините народи.

Словенечкиот Парламент денеска, во прво читање, го усвои Предлог-законот за признавање одредени колективни права на малцинствата од поранешна Југославија, но за нив не е предвидена заштита каква што уживаат унгарското и италијанското малцинство.

© 2017 - 2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search