Пишува: Александар Кржаловски

Жално е после викенд во кој се одржа уште еден успешен Д-фестивал во Дојран, уште една манифестација на вековните ни традиции и македонштина на Галичката свадба, а во кој бевме сведоци и на уште едно спектакуларно Вимблдонско тениско финале, да се вратиме во нашата реалност на корупција, криминал, рекетарство и како што тргнале работиве – уште еднаш изневерени очекувања, овој пат од СЈО.

Потенцијалите на културата се големи, разновидни и универзални. Затоа културата може да биде моќен двигател за развој кој влијае на целата заедница преку социјалните, економските и еколошките столбови на развој.

Упорноста успешно да се балансира помеѓу семејството и сопствениот бизнис е карактеристика на Мерсиха Смиловиќ од Скопје, дипломиран правник и косопственичка на финансиско-правниот консалтинг „Нахла консалтинг“.

Денес е Божиќ (кој патем им го честитам на сите што го слават), според Грегоријанскиот календар (кој е во употреба во најголемиот дел од светот, а го користиме и ние, освен за верските – поточно православните празници, кои се одбележуваат по „стариот“, односно Јулијанскиот календар), со кој почнува речиси едномесечниот период на празници (кој кај нас завршува со Водици на 19 јануари), па сметам дека е тоа добро време да се оттргнеме од дневно-политичките теми, од уставните измени, многуте анкети и претседателски кандидати, или што би рекле хумористите од групата Монти Пајтон: а сега нешто сосема различно!

Изминатово лето ни помина со Преспанскиот договор, со разговори, дебати, убедувања, па и жестоки расправи за аргументирање на неговите предности и мани, за да секој од нас си донесе информирана одлука на референдумот кој се одржа на 30 септември.

Вкупно 389.815 дозволи за престој им се издадени на македонски граѓани во членките на ЕУ до крајот на минатата година. Без оглед како ќе се протолкува насловот на овој текст, оваа бројка од најновата статистика на Евростат има свое јасно значење во однос на една земја која речиси веќе две децении нема спроведено попис на населението, а што отвори и широк простор во јавната дебата за лансирање на политичка симболика од типот на бројни „фантоми“ што фигурираат во Избирачкиот список.

Барање за директни дипломатски активности со цел да се обезбеди трајно решение на подмолниот конфликт кој со години ги поткопува односите меѓу Македонија и Грција, и воедно, ја нарушува политичката рамнотежа на Европа како целина.

Кога македонски студент ќе замине на школување во странство често стекнатото знаење и отвореноумноста сака да ја примени во подобрување на нашето општество. Токму таква приказна се крие зад Драгана Стефановска, дипломиран архитект и хиперактивен граѓански активист од Куманово, која во моментот ги довршува своите постдипломски студии во Шведска.

Автор: Ивица Челиковиќ
Степенот на довербата во функционирањето на јавните институции е од најголемо значење за квалитетот во сите сфери на општествено живеење, без оглед дали станува збор за прецепција дека добар „живот доаѓа“ или веќе постоел. Постои раширена претстава дека силниот замав на корупцијата главно зависи од ниската етика и спецификите на традицијата и културата во разни земји.

© 2017 - 2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search