Анализи, Коментари, Настани

Реџепи: Потребна е поголема религиска писменост која ги отвора видиците за големите сличности на различните религии

jasmin redzepi 1

- Јас сум убеден дека намерата на родителите и на децата била искрена и чиста. Што се однесува до организаторот, тој треба да се произнесе за својот став. Доколку посетата на градоначалниците била со цел да се предизвика поголемо внимание во однос на заживување на традицијата, или пак да се пренесе одредена порака до градските татковци за поголема грижа за потребите на децата во тие општини, тогаш тоа не ми изгледа проблематично. Но, доколку зад иницијативата стои намера за рекламирање на одредена партија или власт, што лично не ми изгледаше како такво, тогаш тоа преставува проблем, вели Реџепи во интервјуто.
-Тоа што е потребно кај граѓаните и институциите е да одржуваат сенс за толеранција кон различностите, смета Јасмин Реџепи.

Во интервјуто одговара и на тезата што поединци ја заговараат дека религијата и религиозните луѓе се причина за нетолеранција.

-Религиите сами по себе, како и верниците, припадниците на истите, не се фактор за меѓуверска нетолеранција или конфликти. Религиите во својата суштина учат на почит и љубов, како и на прифаќање на соседите. Напротив, тоа се забележува само кај оние кои глумат религиозност, искористувајќи ја религијата во политички цели и играјќи со чувствата на верската припадност. Верската припадност е дел од идентитетот на различни етнички заедници, која воедно е и дел од заеднички идентитет, што ја прави религијата поголем фактор за кохезија. Затоа е потребна што поголема религиска писменост која ги отвора видиците за големите сличности на различните религии, а што ќе води до поголема меѓусебна почит и толеранција, вели Реџепи.
Тој смета дека поглаварите на верските заедници во Македонија имаат голема одговорност за градење на меѓурелигиска почит и тоа мора да го манифестираат јавно.

- Сѐ додека не ги гледаме поглаварите на големите верски заедници како често седат на иста маса славејќи и почитувајќи меѓусебни празници или едноставно пиејќи кафе и разговарајќи за предизвиците на современите проблеми, нема да видиме како истото се отсликува во политиката на институциите кои ги предводат. Тука сметам дека Комисијата за односи со верските заедници треба да има поголем улога како иницијатор, каде проблемите на верските заедници со државните институции не би смееле да бидат причина за немање дијалог меѓу нив, вели Јасмин Реџепи од Легис во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Една Ваша последна колумна предизвика многу позитивни реакции, пред сѐ кај православните христијани. Се однесуваше на вашата поддршка за настаните од Бадник. Зошто застанавте во одбрана на правото родителите и децата за јавна манифестација на верските чувства?

РЕЏЕПИ: Верските права се уставно загарантирани за сите граѓани во земјава и тоа е преосетлива тема за да може така лесно да се дискутира за неа или да се заземе став со кој би се негирале истите. Јас објаснив во мојата колумна за искуството кое сум го имал како дете и стојам на ставот дека децата највеќе се радуваат на овие празници. Доколку родителите своеволно одлучиле да им ја пружат таа радост на своите деца, не треба никој да ги спречува во тоа. Религијата не функционира со сила, туку со љубов и убеденост. Доколку постојат елементи на наметнување, тогаш надлежните институции треба да го утврдат тоа и да го спречат во иднина.
*За да ја прочитате целокупната содржина, види линк http://press24.mk
Преземено од: http://press24.mk

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај