Анализи, Коментари, Настани

Ден на Волонтерство - ,,Развој преку комуникација“ 04.12.2015

По повод меѓународниот ден на Волонтерството, 5 декември, во Скопје во Младинскиот Културен Центар (МКЦ), во Организација на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС), и Програмата за поддршка на граѓанското опшество ,,Цивика мобилитас,, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), беше организиран првиот Национален Форум на Цивика мобилитас со тема: ,,Граѓанскиот ангажман и волонтерство,,.

По тој повод од страна на Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Р.Македонија г-ѓа Katharina Stocker и г-дин Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на ,,Цивика мобилитас,, беа доделени и мали Акциски грандови, за опшествен развојот.
Еден од добитниците е и Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – Македонија, за Проектот ,,Развој преку комуникација“, проект кој ќе допринесе во зајакнувањето на комуникацијата помеѓу македонските иселеници во Швајцарија и Р.Македонија, а ке се реализира во Швајцарија и во Р.Македонија. 
Проектот е изготвен под менторство на Проф. д-р Златко Николоски, кој е и Кординатор на Проектот.

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај