Анализи, Коментари, Настани

Трибина ,,Развој преку комуникација“

Со цел зајакнување на комуникацијата и врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските и демократските опшествени вредности, Центарот за информативна поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – Македонија, во улога на промотор на оваа идеја организираше јавна трибина насловена „Развој преку комуникација“ со посебна анализа кон македонската дијаспора, која се одржи на 15.02.2016 год. во Скопје. Проектот е поддржан од Цивика мобилитас / Civica mobilitas, Програма за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а координиран од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС).
Од страна на дискутантите беа анализирани повеке теми во интерес на македонаската дијаспора и тоа:
Проф. д-р Златко Николоски – Проф.на Факултетот за бизнис студии ЕУРО КОЛЕЏ -Куманово - Модератор на трибината Тема: Важноста на македонската дијаспора за развојот на Р.Македонија,
Г-дин Александар Кржаловски – Прв Извршен Директор на Македонски Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) Тема: Значењето на Проектот Цивика мобилитас / Civica mobilitas, за развојот на граѓанското опшество во Р.Македонија
Д-р Сем Вакнин – Израел, Економски и геополитички аналитичар Тема: Meѓународни искустава на соработка помеѓу дијаспората и земјата на потекло 
Проф. д-р Синиша Наумовски - Директор на Академија за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), и Професор на Факултетот за бизнис студии ЕУРО КОЛЕЏ -Куманово,Тема: Значењето на паричните девизни приливи од дијаспората за развој на претприемништвото во Р.Македонија – (банкарски аспекти) 
Г-дин Зоран Петковиќ – Претседател на Комора на Медијатори на Р.Македонија (КМРМ) Тема: Медијацијата во Р.Македонија, како можност за вонсудско решавање на споровите и нејзино искористување од македонските иселеници.

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај