Анализи, Коментари, Настани

Предавање на д-р Сем Вакнин и д-р Златко Николоски на институтот за географија на тема: Безбедноста во туризмот

Во просториите на Природно-математичкиот факултет, а на покана на Институтот за географија на 21.04.2016 година се одржа предавање со наслов Безбедноста во туризмот. Предавањето го изведоа г-дин Златко Николоски, вработен во Министерството за внатрешни работи, но и доктор на науки од областа на безбедноста и почесниот гостин, господинот Сем Вакнин, експерт од областа на економијата, финансиски аналитичар, но и признат аналитичар на прашања поврзани со геополитиката, политичката географија, но и туризмот.

Вакнин
Гостите беа пречекани од највисокото раководство на факултетот и тоа: проф д-р Никола Панов – продекан, проф д-р Ристо Мијалов – раководител на Институтот за географија и проф. д-р Благоја Маркоски. Модератор беше проф. д-р Никола Панов, кој истото го започна давајќи му збор на господинот Златко Николоски, кој наведе некои општи информации за безбедноста во туризмот, несаканите случувања во туристичките движења општо, но и на територијата на Република Македонија, по што г-динот Сем, кој е познат и како писател, но и уредник и висок дописник на Њујорк Дејли Сан (New York Daily Sun), а притоа и доктор на науки од областа на филозофијата, го започна своето предавање.
Истото беше навистина интересно и сеопфатно при анализата на туристите и заканите кои се однесуваат на нив, но и разните видови на кризи кои можат да зафатат одредена туристичка дестинација, при што освртот беше даден на тероризмот и актуелните случувања во поблиското минато, но и денес во некои од најпосетуваните туристички дестинации.
Д-р Вакнин објасни за штетите што тероризмот ги нанесува врз туризмот, но и кои се начините за заштита и одбрана од терористичките дејствија, со конкретни примери за антитерористички акции во некои од туристички најразвиентие земји.

Сем Вакнин
На крајот на исцрпното и исклучително предавање г-динот Вакнин посочи што е тоа што според него Република Македонија треба да го преземе за да ја подобри севкупната слика за Македонија како туристичка земја, вклучително и безбедносната слика на земјата, а тоа е пред се создавање на туристичка полиција, но и подобрување на состојбата со сообраќајната инфраструктура, како и соодветен маркетинг пристап.
Присутните на настанот, како студенти, така и од дел од наставниот кадар на факултетот беа видно задоволни од предавањето и изразија желба за продолжување на соработката и создавање на континуитет во гостувањата на г-дин Сем Векнин и г-дин Златко Николоски.

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај