Вести

За пет-шест години ќе нема кој да нѐ лекува

Klinicki centar vlez 2 bgA

Според податоците на Лекарската комора на Македонија, на сите три медицински факултети во државата во една година дипломираат околу 200 студенти. До 31 октомври 2017 заминале толку колку што дипломирале на Медицинскиот факултет во Скопје, односно околу 170 млади лекари. Болниците и сега немаат доволно доктори. Во меѓувреме, лекарскиот егзодус продолжува со несмалено темпо.

доктори

Веќе имаме огромен одлив на лекари, особено на млад кадар. Тој одлив наскоро ќе стане и драматичен. Во одредени специјалности имаме по три до четири пати помалку кадар отколку што реално е потребен – вели Ненад Лазаров од Асоцијацијата на специјалисти и млади лекари.
Како пример тој го посочува недостигот на гинеколози. Во моментов активни се 144 матични гинеколози, од кои 43 се во Скопје. Според Светската здравствена организација, на толкав број население треба да има најмалку 400 гинеколози. Од друга страна, сега на специјализација по гинекологија има 40-ина специјализанти. Од нив само неколку ќе работат како матични гинеколози. Останатите се ангажирани во болници.
По неколку пропаднати конкурси што ги распиша уште претходното раководство, Градската општа болница „8 Септември“ во декември конечно вработи 60 медицински сестри. Тие почнаа со работа. Отворени се најголем дел од одделите, но кадар уште недостасува.
Ако претходно имавме по 120 до 130 лежечки пациенти, сега се двојно повеќе. Ќе ни требаат барем уште 60 сестри. Пуштивме барање и за вработување на десетина доктори, меѓу кои хирурзи, онколози, абдоминалци - вели Христијан Костов, директор на ГОБ „8 Септември“.
*За да ја прочитате целокупната содржината, види линк http://nezavisen.mk
Преземено од: http://nezavisen.mk

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај