Вести

Швајцарците на референдум изгласаа да продолжат да плаќаат ТВ-претплата

shvajtsarija 640x427

Официјалните резултати од референдумот во Швајцарија, на кој се гласаше за укинување на ТВ-претплатата во таа земја, покажаа дека мнозинството гласало против укинување на претплатата.
Граѓаните на Швајцарија денес ја отфрлија иницијативата „Не за претплатата“, која ја изнесоа десничарските популисти.
Шефот на јавниот сервис ЗДФ, Томас Белут, го поздрави овој исход од референдумот, наведувајќи дека „Швајцарците испратија јасен сигнал и разјаснија колку се важни јавните радиодифузери за плуралистичките општества“.
Овој резултат на референдумот ќе ги обврзе граѓаните да продолжат да ја плаќаат телевизиската претплата од 450 франци (390 евра) годишно.
Референдумот за откажување на претплатата го спонзорираа застапниците на слободниот пазар и други критичари, кои велат дека граѓаните не треба да плаќаат државни програми, и ако ги гледаат или ги слушаат, објави АП.
Оваа претплата следната година ќе се намали на 365 франци (околу 316 евра), но референдумот беше заснован на принципиелното прашање дали граѓаните воопшто треба да плаќаат, а не за одредена сума пари што треба да се издвои, вели агенцијата.
Оние што се залагаат за претплата инсистираат на тоа дека Швајцарија мора да наплаќа повеќе, бидејќи државата има висок стандард на живеење и четири национални јазици.
Преземено од: https://www.slobodenpecat.mk

© 2017 - 2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search