Вести

Состанок на работната група за заокружување на Националната стратегија за соработка со дијаспората

20180330 130557

Денес во Охрид се одржува состанок на работна група за заокружување на Националната стратегија за соработка со дијаспората. Работната група ја сочинуваат кабинетот на министерот задолжен за дијаспора, претставници од државни институции, претставници од организации од дијаспората, културни установи, граѓански организации и експерт од Меѓународната Организација за Миграции (IOM) кои изминативе 6 месеци беа вклучени во креирањето на стратегијата.
На состанокот присуствува министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми кој ги поздрави членовите на работната група. Министерот истакна дека оваа стратегија ги поставува темелите на институционален пристап во градење доверба меѓу дијаспората и државните институции во делот на политички права, административно-правни процеси, култура, образование, наука и млади, и создавање на економски инвестициона клима.
Националната стратегија за соработка со дијаспората е документ со кој покрај тоа што ќе се утврди моменталната состојба и чекорите кои треба да се превземат со цел зајакнување на односите на Република Македонија со дијаспората.
Во понатамошниот процес, покрај консултации, ќе биде организирана и јавна дебата, со цел да се добие документ кој е јасен и прецизен и од интерес на државата и дијаспората.
Документот по себе е динамичен, и во себе содржи скенирање на актуелната состојба, и нуди решенија кои согласно акциониот план ќе се имплементираат во периодот ‎2018-2023.
20180330 140303
Преземено од: http://vlada.mk

©2018 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search