Вести

Печалбарскиот живот не е лесен, но кај Македонците повторно станува актуелно заминувањето во Авганистан и Ирак

 Печалбарскиот живот воопшто не е лесен, а тоа најдобро го знаат печалбарите. Во последниов период, повторно почна да се актуелизира темата за заминување на печалба во Ирак или Авганистан.

21 05 18

По неколкугодишна пауза, Македонците, особено кумановци, повторно масовно заминуваат во американските бази во Ирак и Авганистан.

Примамливата висока плата е единствената причини зошто многу луѓе, и мажи и жени се одлучуваат на овој чекор.

Најчесто се ангажираат општи работници, тишлери, готвачи, водоводџии, електричари, возачи и административни работници, по препорака на нивните поранешни шефови, менаџери, супервизори кои сега се на клучни позиции во фирмите „КБР“ и „Флуор“, кои пружаат логистичка подршка на американската војска. Заинтересираните кажуваат дека „КБР“ праќа работници исклучиво во Ирак и таму платите се на исто ниво како што биле пред 10 години, околу 5.000 долари во зависност од работното место, а „Флуор“ е присутен само во базите во Авганистан и месечната заработувачка е пониска и изнесува околу 3.000 долари. Но без разлика на тоа, интересот за работа во двете земји е подеднаков и многу голем од сите генерации.

-Јас бев во Авганистан пред пет години. Пред да отидам таму немав ништо. Живееме со сопругата и двете малолетни деца под кирија, и земавме минимални плати. Едвај излегувавме на крај. Во минус, одевме секој месец. Откако заминав во Авганистан, си купивме свој стан. Нов автомобил, и си отворивме фирма. Беше тешка разделбата со семејството, беше тешку и таму, но тоа ми беше единствениот излез. Сега ќе одам пак, за една недела. Но, нема да се задржам толку многу како претходно. Планирам две години најмногу, раскажува Горан.

Безработицата, сиромаштијата, нискиот животен стандард, несигурноста, политичката криза и неизвесноста во државава ги принудува македонци да заминуваат токму таму на работа, иако станува збор за многу небезбедно место. На овој чекор се одлучуваат и многу млади луѓе, кои се надеваат дека со тие пари, ќе си обезбедат подобра иднина за себе и за своите најблиски.

Преземено од: skopjeinfo.mk

© 2017 - 2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search