Вести

Претходната година најсмртоносна за децата во Сирија

sirija deca

– Војната во Сирија влезе во својата 9-та година, а 2018 година беше најсмртоносна за децата – се вели во соопштението на извршниот директор на УНИЦЕФ, Хенриета Форе, и се додава дека конфликтот во Сирија влијае на децата и оти децата треба да се заштитат од војната.
– Само во 2018 поради судирите 1.106 деца го загубија својот живот. И тоа е највисока бројка евидентирана во една година, од започнувањето на војната. Ова е официјалната бројка која е потврдена од страна на Обединетите нации, вистинската бројка веројатно е поголема – вели Форе, додавајќи дека минатата година 434 деца загинале од неексплодирано оружје.

262 напади врз образовни и здравствени установи

Форе, истакнувајќи дека минатата година се извршени 262 напади врз образовни и здравствени установи, рече: „Мене особено ме загрижува состојбата во Идлиб, северозападниот дел на Сирија. Имаме информации дека како резултат на ескалациите на насилствата во последните неколку недели загинале 59 деца.“

Предупредување за кампот „Рукбан

Форе, осврнувајќи се на кампот „Рукбан“, кој се наоѓа на границата на Јордан и е под опсада на режимот на Асад и неговите поддржувачи, истакна: „Семејствата и децата во тие области, кои не се контролирани од ниту една страна, живеат под сечило. Животот на семејствата во Рукбан, како резултат на немањето храна, вода, засолниште и пристап до здравствени и образовни услуги, продолжува во исклучителни тешки услови.“

Ситуацијата во кампот „Ал Хол“ е загрижувачка

Форе, во однос на хуманитарната ситуација во кампот „Ал Хол“, кој се наоѓа на ирачката граница, во покраината Хасеке, и е под опсада на ЈПК/ПКК, нагласи: „Загрижувачки е тоа што животните услови во кампот „Ал Хол“ во североисточниот дел на Сирија се влошуваат. Во кампот живеат 65 илјади луѓе, меѓу кои и околу 240 деца разделени од своите семејства. Познато е дека од почетокот на оваа година од месец јануари 60 деца го загубиле животот, коишто патувале 300 километри од Бозган за да стигнат до овој камп“.

Судбината на децата на странските борци во Сирија сè уште е непозната. УНИЦЕФ ги повикува земјите членки да преземат одговорност за своите деца и да спречат тие деца да дојдат во позиција да останат без државјанство.

Треба да се даде приоритет на заштитата на децата

Нагласувајќи дека заштитата на децата треба да биде приоритет, Форе изјави:

„УНИЦЕФ продолжува со своите напори за да обезбеди основна здравствена заштита, образование и исхрана за децата во Сирија, и да ги поддржи нивните семејства, но тоа не е доволно. Го повторуваме нашиот повик кон сите страни во конфликтот. Без да се гледа на тоа кој во која област ја држи контролата, и без да се гледа на тоа кои семејства со кого имаат контакт, треба приоритет да се даде на заштитата на децата. Исто така, треба да се овозможи безусловен и безбеден пристап до семејствата што имаат потреба. А за тие семејства што не сакаат да се вратат во земјата, на доброволна основа, да се најде трајно решение за подолг рок. Пред Конференцијата за посветеност која ќе се одржи во Брисел, од донаторите бараме да ја продолжат великодушната помош за Сирија и соседните земји.“

Преземено од: https://plusinfo.mk

© 2017 - 2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search