Вести

Центар за информативна поддршка „Нов Контакт“ - Македонија (невладина, непартиска и непрофитна организација)

01 26.03.2019Скопје, 25.03.2019 - Донирани сто (100) книги за македонската дијаспора во Нов Зеланд

Со цел негување и зачувување на македонскиот јазик, литература и култура, традиционални и историски вредности, зајакнување на врската со македонската дијаспора без разлика каде и да е во светот, Центарот за информативна поддршка Нов Контакт – МАКЕДОНИЈА од Скопје, донираше 100 книги за македонската заедница во Нов Зеланд. Книгите се од македонски автори, издадени од македонски издавачки куќи и опфаќаат најразлична возраст. Донацијата содржи македонска литература и граматика, лектири од македонски автори, букварки, боенки за помладите, прирачници за правилен македонски говор, македонски приказни, речници за македонски и англиски јазик за најмладите, постери и сложувалки како помагала за полесно учење на македонската азбука, книги и романи за повозрасните, и друга литература корисна за македонското училиште во Нов Зеланд.
Донацијата се реализираше со активност на Секцијата на млади во Центарот за информативна поддршка Нов Контакт – Македонија, како и со поддршка на нашиот соработник и донатор г-дин Александар Пасков, кој 40 години живее во Monthey – Швајцарија. Таа се одвиваше под менторство на д-р Златко Николоски – Претседател на Центарот за информативна поддршка Нов Контакт – Македонија, а во соработка со преставникот на Заедницата на Македонци во Нов Зеланд г-дин Сион Ставровски, од Auckland, New Zealand, со кого развиваме и други проекти од интерес за зајакнување на врската со Македонија и македонската дијаспора во Нов Зеланд.

Center for Information Support “New Contact”– Macedonia
(
Non-Governmental, non-party and non-profitorganization)

 Skopje, 25.03.2019 - One hundred (100) books donated for the Macedonian diaspora in New Zealand

With the purpose of cherishing and preservation of the Macedonian language, literature, culture and traditional and historic values, of strengthening the bonds with the Macedonian diaspora regardless of its location worldwide, the Center forInformation Support“New Contact” – MACEDONIA from Skopje, donated one hundred books published by Macedonian publishing companies, for the Macedonian community in New Zealand, intended for Macedonians of all ages: books on Macedonian literature and grammar, school reading list books by Macedonian authors, ABC books and color books for the young, handbooks with instructions on how to speak Macedonian correctly, Macedonian stories, dictionaries of Macedonian and English language for the youngest, posters and puzzles as tools facilitating the learning of the Macedonian alphabet, books and novels for the adults and other books useful for the Macedonian school in New Zealand.
The donation was made possible by the activity of the Youth Section of the Center for Information Support “New Contact” – MACEDONIA, as well as with the auspices of our assistant and donor Mr. AleksandarPaskov, who has been living in Monthey – Switzerland for 40 years.The donation was executedunder the mentorship of ZlatkoNikoloski, Ph.D. – President of the Center for Information Support “New Contact” – MACEDONIAand in cooperation with the representative of the Society of Macedonians in New Zealand, Mr. Sion Stavrovski fromAuckland, New Zealand.Together with Mr. Stavrovskiwe have developed other projects of interest in view of the strengthening of the bond between Macedonia and the Macedonian diaspora in New Zealand.

02 26.03.2019     03 26.03.2019     04 26.03.2019
             
05 26.03.2019     06 26.03.2019     07 26.03.2019
©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search