Вести

ВО ЕДЕН ДЕН 250 КОЧАНЧАНИ ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО: Минатиот петок од градот се иселиле 250 граѓани

15.04.2019

Секоја среда и сабота, полни автобуси тргаат од Виница за Италија. Жителите од овој регион масовно се упатуваат на илјадници километри долг пат, бидејќи таму ја гледаат својата привремена перспектива. Автобусите патем собираат патници и во Кочани, Штип, Свети Николе, Велес и Куманово. Според нашите информаци само минатиот петок од Кочани заминале 250 граѓани во странство. Ваквите тpaopни бројќи ги потврдуваат и истражувањата на јавното мислење според кои повеќе од 80 проценти од Македонците сакаат да ја напуштат државата.

Нивната крајна цел се овоштарници и лозја во северниот дел на Италија, каде што за еден месец работа може да се заработи незамисливо подобро отколку дома. Особено ако на пат тргаат повеќе члена од едно семејство. Работата е макотрпна, но, како што велат виничани со кои разговаравме, се исплаќа, коментираат граѓаните со кои разговараше порталот СДК.

Се повеќе млади сакаат да го фатат првиот лет и да си заминат од Македонија

Се повеќе млади сакаат да го фатат првиот лет и да си заминат од Македонија. Подобро образование, повисоки плати и политичка сигурност некаде надвор, се некои од причините кои ги тераат среќата да ја побараат на друго место.
Алармантните податоци ги објави Центарот за истражување и креирање политики, коj го мереше расположението на младите од 15 до 29 години.
Дел од младите кои ги затекнавме на скопските улици велат дека дури имаат подготвено документи за во друга држава. Други не гледаат перспектива тука, но не сакаат да го напуштат домот.
Ниту семејството, ниту пријателите не може да ги разубедат оние кои решиле да си заминат. Во Македонија може да ги задржи повисока плата, динамична и интересна работа и подобар квалитет на живот.

mladi 366i3qlccimhtii8hwmmm8

Според истражување спроведено на интернет, речиси 80% од младите во Македонија сакаат да ја напуштат државата. Во анкетата, тие велат дека не сакаат само подобри работни места и повисоки плати, туку сакаат слобода и различност, а државата тоа не им го нуди. Од државата велат дека се посветени на креирање политики – како да стигнат од одлив до прилив на кадар.
Државата допрва ќе работи на креирање стратегија за млади. Признаваат дека голем пропуст на образовението е големиот број факултетски дипломи, а Европската унија бара државата да се обиде да ги задржи младите тука. Во Македонија нема точна бројка колку млади се иселиле. Споредено со истражувањата на други организации, за три години, за речиси 30% се зголемил процентот на млади кои сакаат да се иселат.

Преземено од: https://skopje24.mk

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search