Вести

Врачена официјално наставната програма што ги вклучува македонскиот јазик и култура во Нов Јужен Велс

Screenshot 2019 11 29

Новата наставна програма за изучување на македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс, вчера, свечено им беше предадена на претставниците на "Македонскиот просветно-училишен одбор на Нов Јужен Велс", во седиштето на Националното тело за стандарди во образованието. Македонскиот јазик е еден од петте јазика, за кои беше изработена официјална програма, а по која учениците во државата ќе го изучуваат јазикот од следната година. Државната министерка за образование, Сара Мичел претходно објави дека, сега учениците ќе можат да изберат да изучуваат еден од јазиците според новата наставна програма од забавиште до 10то одделение, но не само јазикот, туку и културата на заедниците, хиндуската, македонската, персиската, пунџабската и тамилската. Наставните програми беа креирани како дел од програмата на училиштата, во која се изучуваат јазиците на заедниците, а која беше најавена од премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклиан.

Screenshot 2019 11 29

Наставниците Жаклина Михајлова и Благоја Јосифовски ја примија новата официјална програма по македонски јазик во Нов јужен Велс.
Преземено од:https://www.sbs.com.au

© 2017 - 2020 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search