Настани

Форум - "Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“

На 05.07.2017 год. во Националната Галерија-Чифте Амам во Скопје, се одржа Тематскиот Форум- ,,Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“ со посебен осврт на иселувањето и дијаспората, како и на Работилницата насловена ,,Заедно за акција: Потенцијалите на миграцијата за Македонија“, организирани од страна на Цивика мобилитас/Civica mobilitas и МЦМС.

Форумот го отвори нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија, а на истиот учество земаа:
- Г-дин Едмонд Адеми, Министер без ресор задолжен за дијаспората во Владата на Р.Македонија,
- Проф. д-р Златко Николоски, претседател на Центар за информативна поддршка на граѓаните Нов Контакт – Македонија,
- Г-ѓа Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарска комора на Македонија,
- Г-ѓа Емилија Тодорова, преставник на Форум за демократска Македонија заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет од Австралија.
- Г-дин Методија Колоски, претседател на Обединета македонска дијаспора од САД. 
Учесниците развија широка дискусија за прашањата врзани за миграциите од Македонија, за придобивките од нив, како и за отворањето можности за соработка со иселениците и дијаспората и зајакнување на комуникацијата со цел искористување на потенцијалот на нашите иселеници во интерес на развојот на Р. Македонија, преку активно вклучување на државата по ова прашањe во соработка со граѓанските организации.
Во дискусијата активно со свои ставови, прашања и предлози за подобрување на административните услуги на државата, се вклучија повекето присутни слушатели меѓу кои имаше голем број на наши иселеници кои живеат во Тајланд, Австралија, Италија, САД и други држави.

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search