Настани

Цивика мобилитас Охрид - трета средба за вмрежување на грантисти

 Во периодот од 24 до 26. Октомври 2017 год. во Охрид, во хотел Метропол, се одржа третата средба за вмрежување на грантисти и тематскиот форум, „Соработка помеѓу новата Влада и граѓанскиот сектор во Македонија“ во организација на Цивика мобилитас / Civica mobilitas.
Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU). На која се разменија знаења и искуства од наши и меѓународни експерти од областа на граѓанскиот сектор и развој на опшеството. Средбата ја отворија амбасадорката на Швајцарија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада и г-дин Александар Кржаловски – извршен директор на МЦМС. 
Особено задоволство беше да се следат изнесените информации за меѓународните практики од страна на г-дин Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на програмата од Велика Британија и Мајк Зијдердуин, директор на МДФ (Раководење со развојни фондации) од Холандија. 
На средбата се разви широка дискусија за феноменот на зголемена вклученост на граѓанските активисти во државните институции, потенцијалите кои произлегуваат од ваквите трансфери, како и можностите за надминување на новонастанатите предизвици.
На средбата активно учество зема и Центарот за информативна поддршка НОВ КОНТАКТ – Македонија и околу 190 преставници на граѓански организации и одреден број преставници на државните институции-министерства.

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search