Настани

Цивика мобилитас / Civica mobilitas 22.12.2017 Скопје - Промоција на грантисти

На 22 декември 2017 година во х. Арка – Скопје, Цивика мобилитас / Civica mobilitas ги промовираше новите мали и ад хок грантисти. ЦИВИКА МОБИЛИТАС е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU). Во изминатите три години, во рамките на Цивика мобилитас беа доделени 221 грант за 212 организации, осум стипендии и еден грант за практикантство“, Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи договорите на грантистите и истакна дека поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци и дека Швајцарија ќе продолжи да го поддржува граѓанското општество и во следните четири години. Особено ни преставува задоволство тоа што во рамките на програмата на Цивика мобилитас беа поддржани два проекти за зајакнување на врската со дијаспората и тоа: ,,Развој преку комуникација“, и ,,Граѓанското опшество – мост за соработка со дијаспората“, кои се во реализација на Центарот за информативна поддршка НОВ КОНТАКТ – Македонија. Координирани од Проф. д-р Златко Николоски

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search