Настани

Јавна трибина ,,Граѓанското општество мост за соработка со дијаспората,,

2

Денес на 13.04.2018 година во хотел Континентал - Скопје, во организација на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА, се одржа јавна трибина која беше организирана во рамките на проектот ,,Граѓанското опшество - мост за соработка со дијаспората,, посветена на улогата на Граѓанските организации од Република Македонија, иселеничките организации и организациите на македонското национално малцинство во соседните земји, како и по повод десет годишнина од основањето на здружението НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА.
Основната цел на трибината беше зајакнување на врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и градење на континуирана меѓусебна соработка, со институциите на матичната земја Република Македонија. На трибината пред присутните со свој говор се обратија:
г-дин Едмонд Адеми – Министер за дијаспора во Владата на Република Македонија; г-дин Александар Кржаловски – Прв Извршен Директор на Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС); г-дин Никола Шалваринов – Директор на Агенција за иселеништво на Република Македонија; г-ѓа Симона Ристевска- Асистент за односи со јавноста - Агенција за иселеништво на Република Македонија; г-ѓа Анкица Манасиевска, Професор по дополнителна настава по македонски јазик, во франкофонско говорно подрачје во Швајцарија; г-ца Вероника Томова – Обединета Македонска Дијаспора – САД, Вашингтон - Директор за Република Македонија; г-дин Или Халилај Претседател на Македонско друштво Илинден – Голо Брдо-Албанија; г-ѓа Клари Зенделова, Малме – Шведска; г-дин Горан Илиевски – Нови Сад Р.Србија; г-ѓа Билјана Радоњанин-менаџер на Ексквизит ДООЕЛ, е- Трговија- Скопје; и г-дин Златко Николоски Претседател на НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА.
Проектот како Мал Акциски Грант е поддржан од Цивика мобилитас / Civica mobilitas – Програма за поддршка на граѓанското опшество во Република Македонија, финансирана од Швајцарската Aгенција за развој и соработка (СДЦ), а координиран од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка-(МЦМС).

1               2               3
                                 
4.4               4               5.5
                                 
5               6               7.7
                                 
7               8               9.9
                                 
9               10               11
                                 
12               13.13               13
                                 
14               15               16
                                 
17               18               19

©2018 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search