Настани

Проект "Развој преку комуникација" трета завршна трибина

Почитувани,

Со цел зајакнување на врската со македонската дијаспора, како и развивање на проекти за поддршка на културните, традиционалните, историските вредности, зајакнување на комуникацијата и развојот на демократските опшествени вредности, Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните НОВ КОНТАКТ – МАКЕДОНИЈА, како невладина, непартиска и непрофитабилна организација во улога на промотор на оваа идеја организираше трета трибина во рамките на проектот ,,Развој преку комуникација,, посветена на македонската дијаспора, која се одржа на 22.06.2016 г. со почеток во 12 час. во Конгресен центар на Скопски Саем – Скопје, (Дипломатик сала). Особено задоволство ни преставува да информираме дека бројот на учесници на трибината во континуитет се зголемуваше до самиот почеток, што допринесе за развивање на мошне богата дебата и конструктивни предлози на наведените теми:
- Организациска форма на дијаспората – државата,
- Дијаспората, развојот на туризмот и други стопански дејности,
- Медиумите во улога на зајакнување на врската со дијаспората,
Проектот е поддржан од Цивика мобилитас / Civica mobilitas – Програма за поддршка на граѓанското опшество во Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), а координиран од Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка (МЦМС) и е единствен од стоте проекти поддржани од Civica mobilitas, кој е посветен на македонската дијаспора, реализиран од Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните - “НОВ КОНТАКТ”- МАКЕДОНИЈА под Менторство на Проф. д-р Златко Николоски. 
Упатуваме Јавна благодарност за сите учесници, преставници на македонските организации од странство како и преставници на медиумите од Македонија кои со своето присуство и активно учество дадоа поддршка за успешна реализација и одржување на оваа трета завршна трибина на Проектот ,,Развој преку комуникација“, кој беше посветен кон зајакнување на врската и комуникацијата со македонската дијаспора.
,,ПРОДОЛЖУВАМЕ СО ЗАЈАКНАТА КОМУНИКАЦИЈА КОН РАЗВОЈ НА ОПШЕСТВЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ !!!

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search