Настани

"Време на предизвици" 11/2016 - Civica mobilitas

Во периодот од 14-16.11.2016 г. во Струга, во организација на Цивика мобилитас/Civica mobilitas, беше организирана годишна средба за вмрежување на сите грантисти, како дел од програмата за учење, овозможување размена на информации, знаења и искуства на интерактивен начин меѓу грантистите, како и простор за започнување и/или подобрување на меѓуесебната соработка преку платформите за соработка. Во рамките на тие денови на 16.11.2016 г. се одржа Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“.Во рамките на Форумот беа реализирани повеке активности за размена на информации на различни платформи. На предлог на Центарот за информативна и логистичка поддршка НОВ КОНТАКТ – Македонија, ИЗВОР-Кратово и Ц.Р.З. ,,ДРОМ“-Куманово, во рамките на Цивика мобилитас беше организирана платформа за миграции, на која се формираше група за следење на миграциите на национално ниво во состав од четиринаесет Граѓански организации од Република Македонија, на која за Координатор е избран проф.д-р Златко Николоски, Претседател на НОВ КОНТАКТ – Македонија.
Вториот Форумот на Цивика мобилитас го отвори амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада која посочи: „Богатството кое сите го носите со различните визии и идеи ми создава чувство на оптимизам за иднината на Македонија“.

©2019 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search