Традиционални јадења

Виното резервирано за во зима

vino

Умерената потрошувачка на овој пијалок е поврзана со голем број здравствени придобивки, па затоа ние одбравме најмалку десетина причини поради кои оваа зима црвеното вино треба да биде ваш сопатник за време на ручекот или вечерата.
Еве и зошто:
- Антиоксидансите во црвено вино штитат од рак.
- Виното содржи монозахарид арабиноза кој го зајакнува имунолошкиот систем.
- Природниот фенол ресвератрол помага да се загуби некој килограм од телесната тежина со нормализирање на метаболизмот.
- Полифенолите во виното помагаат за зајакнување на срцевите залистоци и спречување на срцеви заболувања.
- Виното го подобрува протокот на крв во мозокот и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.
- Ресвератролот спречува воспаленија на увото, кои може да предизвикаат и оштетување на слухот.
- Овој фенол ги зајакнува окуларните капилари, со што се спречува развојот на различни проблеми со видот.
- Ресвератролот се бори и против бактериите кои доведуваат до распаѓање на забите и уништување на забната глеѓ.
- Алкохолот во виното го забавува ослободувањето на адреналин, кој помага да се намали стресот.

И не заборавајте, старата максима вели: лек или отров – се зависи од дозата. Козумирајте умерено!
Преземено од : http://emagazin.mk

© 2017 - 2020 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Search