Миграции

Секоја година 30 000 млади луѓе ја напуштаат Македонија

Секоја година повеќе од 32 000 млади луѓе ја напуштаат Македонија, а статистиката вика дека најголем број наши сограѓани заминуваат за Германија – околу 15 000 илјади од нив секоја година ги пакуваат куферите за економски најпросперитетната земја на стариот континент. Америка е втората ветена земја за нашите имигранти каде секоја година заминуваат повеќе од 4 000 луѓе, а според најновите статистики Англија е трет најпосакуван „втор дом“ за нашите сограѓани. Германија станува ветена земја за се поголем број на „бели мантили“, а освен лекари, стоматолози и фармацевти, се повеќе и медицински сестри се одлучуваат да заминат и најчесто се вработуваат во домови за стари лица.

Статистичките податоци кажуваат дека во последните 10 години од нашата земја се иселиле најмалку 295 000 жители.

Кога се анализира образовниот профил на емигрантите се добива податок дека најголем број од високо образованите ги пакуваат куферите и дипломите и заминуваат за Германија, а најмал број заминуваат во Словенија – за тоа илустративно ни говори фактот дека дури 44 проценти од македонците кои емигрираат во Германија имаат високо образование.

Исто така интересен е фактот дека од сите високо образовани кадри од Македонија кои се иселиле во Германија дури 99 проценти од нив се трајно вработени, а повеќе од 80 проценти од нив работат на позиции каде е потребно факултетско образование. Повеќе од половината од нив одговараат дека се презадоволни од животот таму, а на прашањето – дали се интегрирани во новата средина – секој втор одговара „да, целосно“. Тек, секој 10ти смета дека не се адаптирал во новата средина. Нажалост, една третина од нашите емигранти одговара дека никогаш не би се вратиле трајно да живеат во Македонија, 40 проценти не се сигурни во нивното враќање назад, а дури секој 15 испитаник со сигурност ќе се врати во Македонија.

Преземено од: mk-in.de

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај