Миграции

Австралија не сака Нов Зеланд да прима мигранти од Манус и Науру

04migrantiАвстралија во неделата ја отфрли понудата на Нов Зеланд да прими 150 мигранти, кои се наоѓаат во контраверзните кампови на Пацификот, по кризата предизвикана од затворањето на прифатниот центар во Папуа Нова Гвинеја.

Канбера завзема одбрамбен став откога новата новозеландска премиерка, Џасинта Ардерн, понуди да ги прифати мигрантите. Австралискиот конзервативен прајминистер Малком Турнбул рече дека предност му дава на договор за преместување, склучен со САД и покрај тоа што во моментов Вашингтон прима мал број бегалци.
Притисокот врз Австралија се интензивираше од вторникот, кога се затвори кампот на островот Манус во Папуа Нова Гвинеја. Врховниот суд на Папуа Нова Гвинеја, овој прифатен центар го оцени како противуставен.
Но, околу 600 луѓе се забарикадираа на островот. Водата и струјата се исклучени, а храна има се помалку, а ОН предупредуваат на опасност од „вонредна хуманитарна ситуација".
Мигрантите се поканети да се преселат во „транзитните" прифатни центри, кои исто така се наоѓаат на Манус. Но, тие тврдат оти се плашат за својата безбедност, додека нивните заштитници говорат за непријателството кои жителите на кампот го искажуваат кон нив.
Турнбул и Ардерн првпат се сретнаа во неделата во Сиднеј и тој рече дека во овој момент нема да го прифати предлогот на новозеландската премиерка. „Предлогот е реален и се уште е на маса" - изјави Ардерн. Австралија води особено строга политика кон мигрантите кои се обидуваат да стигнат до нејзините брегови. Не прифаќа ниту еден брод со имигранти на свое тло, па ни имигрантите кои ги исполнуваат критериумите за азил.

 

Барај