Визија, Мисија, Цели

Визија

Мир и развој, потрага по нови можности врз основа на унапредена комуникација и соработката со македонската дијаспора во светот, следење на миграциските текови и нивните влијанијата и информирано граѓанското опшество.

Мисија

Поттикнување на позитивни промени врз основа на Нов Можен Модел за соработка со дијаспората, преку кој ке се зајакне враската и соработката со нашите иселеници во светот и македонските национални малцинства во соседните земји.

Цели 

Информирање на дијаспората за актуелни состојби и политики во Р.Македонија
Информирање на јавноста во Р.Македонија за активностите на дијаспората
Создавање на мрежа за соработка со научната дијаспора
Промоција на дијаспора туризам
Развивање на проекти за престој на млади од дијаспората во Р.Македонија
Промоција на културата и културниот идентитет
Вмрежување и културни врски со дијаспората
Давање на поддршка за подобрување на животните условите и условите за патување на стари лица, лица со посебни потреби, деца без родители и самохрани мајки.

Веб порталот www.mkdinfodiaspora.mk со својата непрофитна активност преставува МОСТ за соработка помеѓу граѓанските организации од Република Македонија и организациите од дијаспората.

© 2017 - 2021 mkdinfodiaspora.mk All Rights Reserved. Developed By Cube Systems

Барај